Искуството на купување преку Интернет сè повеќе личи на одење во вистинската продавница
Купувањето во продавница за многумина сѐ уште е прв избор кога станува збор за набавка на посакуваните нешта. Но, со оглед на променетите услови и оние кои се приврзаници на традиционалниот начин на шопинг веќе се преориентираа кон онлајн продавниците. Онлајн купувањето зема сè поголем уддел во секторот на продажба дури и пред пандемијата, а сега се забележува неговата уште поголема популарност. Од раната пролет оваа година, скоро сè се пресели на Интернет. Најновиот тренд кај онлајн продавниците е приближување на шопинг искуството колку што е можно повеќе до она со физичко присуство во продавниците. Една од работите што овозможува приближување на искуството на пазарење во физичкиот свет и во виртуелниот свет еовозможување на асистенција при купувањето, или личен асистент за шопинг.Тоа се љубезни експертикои Ви стојат на располагање да го направитевистинскиот избор на произвотот што Ви е потребен, во вистинската големина, за соодветната пригода и слично. На пример, Рејчел од популарнаата серија „Пријатели“ ја започна својата кариера во модната индустрија како личен консултант.
1. Амазон
Кога веќе зборуваме за онлајн купување едноставно не може а да не се спомене најголемиот меѓу најголемите - Амазон. Како чекор понатаму во подобрување на корисничкото искуството при купувањето онлајн, во септември оваа година, Амазон воведе нова услуга за купување на машка облека со личен асистент,какопроширување на веќе постоечката услуга Personal Shopper by Prime Wardrobe, која првично беше наменета само за жени. Со оваа услуга, стилистите на Амазон избираат облека која одговара на стилот, потребите и преференциите на клиентот, која понатаму се испраќа до клиентот, за пробен период од еден месец. Доколку купувачот не сака да задржи некои парчиња, па дури и сите, може да ги врати користејќи специјално дизајниран и адресиран пакет кој го добива при самата испорака на пратката од Амазон. Секако, оваа услуга е достапна аксклузивно за членовите на Amazon Prime. На овој начин, Амазон го реплицира искуството од физичкото продажно место, во онлајн светот.
Месеците поминати во карантин носат предизвици од секаков аспект. Живеењето со пушач носи одредени компромиси кои секако може да се намалат со подобра алтернатива, за оние кои не сакаат да се откажат од пушењето. IQOS е наменет за сите возрасни пушачи, уред кој се заснова на технологијата на загревање наместо на согорување на тутун, затоа не испушта чад од тутун и како таков претставува подобра опција отколку да се продолжи со пушењето цигари.
Покрај тоа, во вистинскиот дух на модернизмот, за разлика од обичните цигари, IQOS има своја онлајн продавница и уредот може да се нарача следејќи ги едноставните упатства на страницата. Ако сè уште не сте „зачекориле“ во оваа софистицирана виртуелна продавница, можеби сега е вистинското време затоа што во IQOS веб-продавницата секогаш ќе најдете посебни придобивки, и оние кои купуваат за прв пат на овој начин и персонализиран додаток.
3. КЕЛИ ФАЕТАНИНИ
Можеби свадбите кои денес се одвиваат во услови на пандемија и не се онакви како што секоја невеста сонува, но едно нешто задолжително останува независно од сè, а тоа венчаницата.. Кели Фаетанини е позната дизајнерка на венчаници од Њујорк која ја препознава промената во трендовите и го адаптира својот бизнис на таков начин што воведува специјална програма за виртуелен шопинг на својата веб страница. Одењето во ексклузивна продавница за купување на венчаница, сега се заменува со персонализирано искуство со нејзината програма „Пробај дома“. Идните невести имаат можност онлајн, преку платформата Zoom, да добијат директни консултации од експерти, да им помогнат да ја изберат „вистинската” венчаница на идните невести и истата да ја нарачаат и добијат на домашна адреса.. На овој начин, може невестите ја немаат свадбата од соништата, но ја добиваат венчаницата што од секогаш ја сонувале.