ИСПОВЕД на првиот пациент кој се излечи од КОРОНАВИРУСОТ

Првиот пациент кој се опорави од опасниот коронавирус, 23-годишниот Хуанг, откри за кинеските медиуми како изгледа процесот на лекување и какви симптоми на болеста го одвеле во карантин.

- Повеќе пати имав треска од 28 декември до 2 јануари. Бев во карантин - Хуанг ја започна приказната.

Тој е млад човек кој живее во Вухан, градот од кој потекнува вирусот, а вработен е во локалната железничка станица Ханку, на околу километар оддалеченост од пазарот на морски плодови, за кој се смета дека е извор на инфекции опасни по живот.

Првите симптоми ги почувствувал на 24 декември. Тој рече дека на почетокот имал главоболки, вртоглавица и малаксаност. Следниот ден ситуацијата се влошила. Мислејќи дека е грозница, тој зел боледување и отишол во локална болница. Лекарите му препишале инјекции со пеницилин Г и некои лекови што не ги прецизирал, но тоа не помогнало да се подобри неговото здравје во текот на следните три дена.

Стравувајќи дека може да биде на боледување премногу долго, тој решил да се врати на работа, но веќе во автобусот на патот кон железничката станица, повторно се здобил со треска. Веднаш отишол на второ мислење во болницата „Унион Сити“, бидејќи се сомневал дека има пневмонија.

Дополнителни тестови покажале резултати далеку над очекуваните параметри, особено кога станува збор за функцијата на црниот дроб. Кога докторите биле известени дека неговото работно место е во близина на пазарот за морска храна, тие решиле да го пренесат во болницата Јининтин - каде што се лекуваат повеќето пациенти со коронавирус. Во тој момент, според неговите зборови, тој бил толку болен што не можел да се движи и морал да дише кислород цело време. Следните денови ги поминал во карантин.

- Ниту еден дел од мојата кожа не беше откриен. Бев завиткан цврсто - рече тој, додавајќи дека целиот болнички персонал бил љубезен, посветен и вреден.

За среќа, успеа да се опорави, а верува дека за тоа се задолжени годините.

- Јас бев првиот што се опоравив од критична состојба и ја напуштив болницата. Најбрзо закрепнав веројано затоа што сум млад.  Имам само 23 години “, рече тој во интервју за еден кинески весник.

А, еве ги бројките на заразени за 09. 03. 2020 година според ECDC:

ЕПИДЕМИОЛОШКИ ИНФОРМАЦИИ

Информации за новиот коронавирус (SARS-CoV-2) и COVID-19 на 03/09/2020.

Лабораториски потврдени пациенти COVID-19 ширум светот (извор ECDC): 109 695

Број на смртни случаи низ целиот свет (извор ECDC): 3 811

Број на пациенти во Европа (ЕУ / ЕЕА и Велика Британија - извор ECDC): 11 577

Број на смртни случаи во Европа (ЕУ / ЕЕА и Велика Британија): 396

Или преку графикон за подрачјето на Европскиот континент:

Меѓу другите земји во светот го издвојуваме бројот на пациенти во Кина (80.814), Јужна Кореја (7.382), Иран (6.566), Јапонија (488) и Сингапур (150) (податоци за 9.3.2020).

Во Македонија засега бројката на заразени од коронавирусот се искачи на 7 лица, а поголема е бројката на оние кои се на испитување и во изолација.

Напомена:

И додека го читате ова, бројките на заразени се менуваат од минута во минута. Потсетуваме дека бројките дадени во текстот се за 09. 03. 2020 година.

Посебно критична е ситуацијата во Италија каде веќе е прогласена "црвена зона" во целата земја и има постојано зголемување на заболени од оваа "чума"!