,

Исповед на зависничка од секс: Спиев со 200 непознати мажи од Инстаграм

Во последниве години многу се зборуваше за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје и зголемената вознемиреност кај корисниците, но сега социјалните мрежи почнаа да се обвинуваат себеси за поттикнување на зависноста од секс, пренесува The Sun.

Од појавувањето на Инстаграм во 2010 година, милиони корисници ги отворија своите профили додека се борат да соберат следбеници и лајкови. Многумина направија профитабилна кариера од нивните мрежни животи, додека некои, како што е Lurie Jade Woodruff , ја продлабочија својата сексуална опсесија на социјалните мрежи.

Според неа, апликациите како Инстаграм делуваат како дрога која ја храни нејзината желба за секс.

- Инстаграм е игралиште полно со искушенија - посочува Лори. Социјалните медиуми, вели таа, ги охрабруваат жените да стават содржина што вообичаено не би ја ставиле.

- Во мојата најлоша фаза на зависност, бев опседната со идејата да имам секс со странци. И социјалните медиуми го направија тоа застрашувачки лесно да се постигне. Заборавете на одењето во бар, или да користите здодевни апликации за состаноци, Инстаграм ми дозволи да најдам партнер во мојот топол дом, бесплатно, - откри таа.

Таа призна дека досега спиела со 100 до 200 мажи, а во екот на нејзината зависност имала секс со 3 непознати мажи неделно.

Лори, која сега е квалификуван терапевт, вели дека сексот бил само брз начин за да ја исполни внатрешната празнина.

- Се чувствував толку празно внатре што копнеев за интимност и блискост. Поради тоа, се облеков во провокативна облека и ги објавував тие фотографии на Инстаграм. За само неколку моменти, добивв бројни комплименти и пораки од непознати мажи “, рече таа.

Според неа, социјалните мрежи овозможиле лесно да привлече внимание. Сепак, таа истакнува дека биле потребни неколку години за да сфати колку е штетен овој вид на внимание, базиран само на нејзиниот физички изглед.

Лори потсети на непријатно искуство што ја натера да се повлече, иако истакнува дека можело да заврши многу потрагично, бидејќи ретко обрнувала внимание на нејзината безбедност додека се дружела со непознат маж.

- Беше петокот вечер и јас бев многу возбудена што запознав нов непознат човек. Тој ми рече дека сум многу убава, и кога стигнавме во кревет, тој беше претерано груб и насилен и јас се исплашив. Тоа беше моментот кога сфатив дека мојата опсесија отиде предалеку и дека треба да направам нешто, се сеќава таа.