Исповед: Скоро ќе умрев од сексуално пренослива инфекција а всушност имав рак

По неколкумесечна болка и бројни посети кај неговиот матичен лекар, кој верувал дека има сексуално пренослива инфекција и му препишал антибиотици, маркетинг менаџерот Пол Хантер, кој сега има 29 години, ги замолил своите родители итно да го одведат во болница.

Таму, Пол бил подложен на ултразвук и на томографија пред да им ја кажат  застрашувачката вест дека имал карцином на тестисите од трет стадиум.

„Бев запознат со оваа болест, затоа што знаев што се случи со велосипедистот Ленс Амстронг, но не сфатив дека може да биде толку сериозна“, вели човекот за неговата дијагноза која ја добил во декември 2014 година.

„Додека да ми биде дијагностициран,туморот имав маки и болки во левиот тестис. Исто така, туморот имаше голема маса која притискаше на еден од моите бубрези и почна да се завиткува околу артеријата “, вели Хантер.

Човекот ја опишува оваа ноќ како најлошото нешто во неговиот живот. „Мислев дека ќе умрам. Не можев да верувам дека оваа се случуваше со мене “, се сеќава тој.

„Претпоставував дека не може да се направи ништо. Во тоа време имав сериозна врска и сакав да имам деца, и беше неприфатливо да направам операција. За среќа можев да дадам сперма предвреме, но како ќе и го кажеш тоа на жена која очекува да има партнер до себе, жена која е на 25 години и животот е пред неа“, додава Пол.

Ракот на тестиси е најчестиот рак кај младие мажи во Велика Британија, околу 2300 случаи се јавуваат секоја година.

Шансите за да се надмине оваа болест се високи и над 95 %, од нив еден на 20 случаи е фатален.

Заболените од оваа болест се очекува да се зголеми за 12% во Велика Британија до 2035 година, покажуваат податоците собрани од истажувањата поврзани со овој вид на карцином во Велика Британија.

„Ракот на тестисите се зголемил драматично во последните 30 години, иако процентот се чини очигледен“, вели професорот Клер Турнбул, постар истражувач во Институтот за истражување на карцином.

„Причините за да се добие ова болест не се докажани, иако може да бидат вклучени фактори на животната средина“.

Симптомите вклучуваат грутка или болка во тестисите, зголемување или промена на сензацијата, иако симптомите може да бидат нејасни или да варираат.