Спорт // Спорт
Историја во ПМФЛ, Ива Пројковска прва жена која ќе суди натпревар во прволигашката машка конкуренција
- 30 Март, 2023

Во ПМФЛ викендов се играат средбите од 25 коло, за првпат на еден дуел ќе суди жена во прволигашката конкуренција .
Ива Пројковска е делегирана да биде главен судија на средбата меѓу Шкендија и Победа од Прилеп.
Досега Пројковска судеше на натпревари и од меѓународен карактер со знакот на УЕФА, но сега за првпат ќе суди и во машката ПМФЛ.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 25 КОЛО
САБОТА:
Македонија ЃП – Работнички: Александар Ставрев (Скопје)
НЕДЕЛА:
Струга ТЛ – А.Пандев: Јосип Бартон (Скопје)
Шкупи – Скопје: Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Победа: Ива Пројковска (Скопје)
Брегалница – Тиквеш: Александар Грујоски (Кичево)