Историски успех на тркачките патеки: Игор Стефановски двократен европски шампион

Игор Иџе Стефановски, македонскиот автомобилист е најдобриот од нашата држава. Тој е двократен европски шампион, а тоа го докажа и по последната трка во Хрватска каде го освои европскиот трон. 

На неговата страна на Фејсбук има видео од пречекот по освоениот шампионат. 

„Македонија за првпат од нејзиното постоење има двократен европски шампион во автомобилизам, историски успех кој е запишан на европските тркачки патеки, погледнете во каков амбиент беше пречекан нашиот европски шампион во освојувањето на европскиот трон на последната трка во Хрватска. Поклон до небото на сите Македонци кои дојдоа на оваа трка и секако Хрватската. Публика која направи ова да биде величествено.“ - стоеше во описот на видеото.