Избрани се мажите на годината: Еве кај кого отиде главната титула- тројца се
Настанот „Мажи на годината, по успешните претходни пет изданија, вчеравечер во хотелот DoubleTree by Hilton- Скопје, во Скопје се одржа по 6-ти пат, и уште еднаш организаторите се погрижија да организираат една незаборавна вечер посветена на славење на успехот, софистицираноста, стилот и сè што е гламурозно“.
Беа доделени 13 награди во различни категории, меѓу кои и главната награда МАЖ НА ГОДИНАТА.
Но наместо еден, таа награда ја добија тројца реномирани доктори
Tитулата „Маж на годината 2023“ ја понесе Проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот Факултет како и дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на црн дроб во Македонија. Заедно со својот тим, Љубомир Огненовиќ-Научен соработник и Асистент Ќемал Русити ја понесоа и наградата Маж на годината со придонес во општеството.
Титулата „Маж менаџер на годината“ му припадна Даниел Воиновски кој беше воедно беше избран и во категоријата „Хедонист на годината“, Генерален Директор на “ЕУРОИМПЕКС” и официјален увозник на “ПЕЖО и Опел”.
За наградата „Маж со најголем придонес во спортот“ беше избран нашиот одбојкар Никола Ѓоргиев.
Христо Кондовски, Претседател на одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“, додека Генралниот менаџер на Ананас.мк – Денис Ампов ја доби наградата „Млад менаџер на годината“. Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ јавноста го избра Божидар Божиновски, писател, сценарист и активист на социјалните медиуми.
„Маж на годината според организаторите“, беше доделена на образовната институција Универзитет Скопје, на чело со Проф. Д-р Aце Миленковски.
За забавниот дел беа задолжени пејачките Калина и Полина, како и добитникот на наградата за Маж со најдобар стил, оперскиот пејач Иван Наумовски кој изведе неколку музички нумери на пијано.
Фото: Вангел Тануровски
Галерија: