Изгледа лесно, но не е баш така: ЦИА објави загатка, имате три минути да ја решите (ФОТО)

Тестирајте ги вашите аналитички вештини

Ако сакате малку да си поиграте и да ги размрдате меандрите на вашиот мозок, денес е денот да го направите тоа. Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) на Твитер сподели загатка која ќе ве натера да размислите, но и ќе ги тестирате вашите способности.

ЦИА објавува вакви загатки секоја година пред Ноќта на вештерките со цел да ги тестира тактичкото размислување и вештините за откривање на своите следбеници.

Овој пат, администраторите на страницата на ЦИА на Твитер објавија две, навидум идентични илустрации, во кои треба да ги забележите разликите во рок од три минути! На страницата „Spy Kids“ ќе се отворат илустрациите, а тајмерот е веќе поставен на три минути! За тоа време треба да означите што повеќе различни детали што сте ги забележале, а резултатот ...


Па, ќе дознаете кога ќе дојде време…