Изгледаат безопасни: Овие два симптоми се првиот знак на карцином на белите дробови
Во една голема студија, истражувачите анализирале податоци од 27.795 пациенти дијагностицирани со карцином на белите дробови од 2000 до 2017 година и заклучиле дека најраните показатели на болеста биле скратен здив и долга кашлица.
Не само тоа, овие два симптома честопати беа игнорирани од пациентите и самите лекари сè додека не се појават други дополнителни симптоми, како што се силно кашлање, анемија, губење на тежината и слично, според „Дејли меил“.
Претходно, првиот симптом на карцином на белите дробови беше кашлање со крв, но тоа е децении стар концепт и кај некои карциноми овој симптом се јавува само во доцните фази на болеста.
- Ние гледаме голема промена во првите симптоми на болеста што ја гледаат лекарите, а тоа доаѓа паралелно со порано откривање на малигни промени - рече коавторот на студијата, Др. Вили Хамилтон.
Не умираат само пушачите
Ракот на белите дробови долго време се поврзува само со пушење. Иако пушењето предизвикува околу 85 проценти од случаите на рак на белите дробови, илјадници непушачи, вклучително и пасивни пушачи, умираат од оваа болест ширум светот.
Подобро познавање на симптомите, што би помогнало во рано откривање на болеста и да се зголемат шансите за лекување, е клучно, тврдат британските лекари во журналот Journal of the Royal Society of Medicine.
Секоја година во Европа, 500.000 луѓе се дијагностицираат со рак на белите дробови. Ракот на белите дробови е најчестиот и смртоносен карцином во светот, како и кај нас.
Шансите за лекување се и над 50 проценти доколку бидат откриени навреме
Според некои проценки, ракот на белите дробови во раната фаза може да се излечи во 50% од случаите, односно може да се продолжи животот, додека заздравувањето кај оној кој веќе е метастазиран е помалку од 5 проценти. Смртноста од карцином на белите дробови посебно кај нас е голема затоа што болеста обично се открива во напредната фаза - само во 15 до 20 проценти од случаите се открива во рана фаза кога постои поголема шанса за лекување.Загриженоста е неопходна ако имате постојана кашлица, со болка во градите, замор и губење на енергија и слабеење. Знак на карцином на белите дробови може да биде и недостаток на здив, како и треперење на белите дробови, потоа засипнатост, исплукување крв или крвава плунка.
Симптоми што во никој случај не треба да ги занемарите:
Кашлица што не престанува после две до три недели
Засилена кашлица
Воспалителни инфекции на градниот кош
Кашлање со крв
Болка за време на дишењето и кашлање
Чест скратен здив, дури и кога нема големи напори
Постојан замор и недостаток на енергија
Губење на апетит и необјаснето губење на тежината