Спорт // Спорт
Изгуби медал, но доби нешто повредно: Ова е најромантичната сцена на Олимписките игри
Иако остана без медал, шпанската џудистка Лаура Мартинез го кажа судбоносното „да“.
Имено, се сѐ случи по нејзиниот настап на Олимписките игри, каде го зазеде петтото место. Иако пропушти златен медал, Лаура доби прстен од својот партнер Хозе Аранда.
Еден од најубавите моменти за шпанската џудистка се случи токму под симболот на Париз - Ајфеловата кула, каде на своето момче, сега вереник, му кажа „да, ќе се омажам за тебе“.
Самата Лаура објави фотографии на Инстаграм од романтичниот момент.
„Да, сакам“, напиша Лаура во описот на фотографиите на кои се гледа како изгледа нејзината свршувачка.
Фото: Инстаграм
Извор: Superzena.b92.net