Измислија и ТРЕТО ОКО: Изум кој спречува повреди кај зависиниците од мобилни телефони

Повеќето луѓе одат по улица гледајќи во нивните мобилни телефони, па затоа и често се појавуваат повреди.

Јужнокорејскиот дизајнер решил да им помогне на овие луѓе, па направил „трето око“, што корисниците на паметни телефони можат да го стават на челото.

Индустрискиот дизајнер можеби се обидел да им помогне на „смартфон зомбињата“ на малку смешен начин, за да не удрат во ѕид или да удрат во некој предмет додека шетаат и гледаат во телефонот.

„Третото око“ е едноставно – додека „зомбито“ гледа во телефонот, окото гледа напред наместо вас.

Кога некој предмет е оддалечен метар или два од лицето кое во тој момент гледа во телефонот со спуштена глава, „третото око“ ќе изпушта предупредувачки звуци на претстојната опасност.

Дипломираниот  студент по инженерски дизајн за иновации во Лондон демонстрираше во Сеул како да се користи „третото око“.