Изострено око фраерско: Стилот на Бобо Дајнерс
Има израз својствен само за него. Маркантен е како појава, а во облекувањето е перфекционист.
Бизнисменот Божидар Јанковски, попознат како Бобо Дајнерс, сопругот на министерката Радмила Шеќеринска има софистициран стил на облекување и тоа е факт! За него нема компромис - или е добро облечен од глава до пети или не се појавува во јавност несреден.
Педантен, галантен, со цврст став и држење на телото, без многу модно филозофирање, едноставно е вистински стилски фраер. Најважно од сѐ е што знае да ја носи облеката, да изненади со умерена доза на шарм, едноставно да биде свој. Токму тоа е и суштината на стилот, свој со само за него својствени манири во облекувањето. Без разлика дали ќе го видиме во костум или во спортско издание, непогрешливоста му стана навика. Знае да усогласи бои, да не носи многу тесна облека, да комбинира со чисти линии и елеганција...
Веројатно и сопругата се погрижила да му влијае со моден совет, бидејќи и таа важи за убаво облечена политичарка.
Она што Бобо го носи може да се најде и овде. Доколку ја преферирате елеганцијата, а при тоа и класиката ви е слаба страна, брендот “Аристотели Битсијани” на “Фешн груп” го има сето тоа.
Бела кошула и црно палто, вечна класика, тоа и Јанковски го потенцира.
Кошула: 2.980 денари
Костум: 6.958 денари
Н.Т.