Ја обвинуваат дека го искористува тоа што некогаш била маж: Таа е првата трансродова жена што се натпреваруваше на ОИ во кревање тегови
Лорел Хабард од Нов Зеланд е првата трансродова жена што учествувала на Олимпијадата во 125-годишната историја на овој спортски настан.
Сепак, во понеделникот, таа не успеа да крене тегови во категоријата +87 килограми.
Лорел Хабард трипати се обиде да подигне 120 и 125 килограми, но по неуспешното кревање, таа се поклони пред публиката и го напушти натпреварот.
Иако не стигна до финалето, Лорел рече дека е благодарна за поддршката што ја доби во Токио.
„Моето учество не помина како што се надевав. Среќна сум што добив поддршка од голем број луѓе од Нов Зеланд. Свесна сум дека моето учество предизвика многу контроверзии", рече Лорел Хабард.
Како маж, во Нов Зеланд, во 1998 година, Лорел постави рекорд во кревање тегови во јуниорската категорија, што подоцна го сруши Дејвид Лити.
Имено, Хабард беше sвезда во подем во категоријата кревање тегови за мажи, но таа престана да се занимава со овој спорт. Како што објасни, се борела со притисокот да се вклопи во свет кој не е подготвен за луѓе како неа.
*пред транзицијатаХабард ја започна транзицијата од маж во жена во 2012 година и се врати на натпреварот за кревање тегови по пауза од 15 години.
Поради нејзиното учество на Олимпијадата и враќањето во спортот со кој ја започна својата професионална кариера, таа се соочи со обвинувања дека тренирала цел живот пред да оди на операција за промена на полот со цел да освои награди во женска категорија.
Во 2017 година, Лорел беше првата трансродова жена што се натпреваруваше за титулата на Меѓународниот натпревар во Австралија. Во тоа време, организаторите беа обвинети за неправедно натпреварување, бидејќи Хабард беше дел од женскиот тим.
Фото: Profimedia