Ја остави затоа што тежеше 100 килограми: Денес таа заработува како секси манекенка

Девојка оставена од нејзиниот поранешен партнер поради нејзината тежина денес заработува цело богатство како секси манекенка.

Миријам Бланко имаше ниска самодоверба бидејќи нејзиниот поранешен партнер ѝ велеше дека е дебела.
Мајката на четири деца вели дека имала околу 100 килограми кога поранешниот партнер решил да ја напушти, пишува Дејли Стар.

„Не сакав да излезам со него во случај да не ми кажеше дека сум дебела пред сите“, рече таа. Таа барала утеха во храната и вели дека нејзината пресвртница била кога се погледнала во огледало за време на некоја семејната прослава. 

Потоа се посветила на вежбање и поздрава диета, а денес е во врска и со нов партнер. Ослабела повеќе од 30 килограми, а новиот изглед ѝ донесе своевидна слава на Интернет.


Ја следат скоро 30.000 луѓе на Инстаграм, а отвори и страница за возрасни. Иако не откри колку заработува на OnlyFans, таа само вели дека „дефинитивно е доволно за сметките“.

View this post on Instagram

A post shared by Miriam Blanco (@miss_fit_blanco)


извор:index.hr