Ја разрешуваме дилемата: Дали оревот треба да се сади во дворот?
Уредувањето е вистински предизвик за многумина. Можете да уживате во вашата оаза на мирот, па затоа е важно сè да приспособите по ваш вкус пред домот, но и во него.
Постојат многу верувања за тоа кои растенија е добро да се садат, а кои треба да се избегнуваат поради нивното влијание врз здравјето, како и народните верувања.
Старите Словени сметале дека одредени растенија не е добро да се имааат во нивниот дом или двор.
Иако дава убава сенка посебно во лето, оревот според експертите е дрво кое не треба да го имаме во дворот и градината.
Оревот е голем потрошувач на кислород и голем производител на јаглерод диоксид. Ова дрво има и посебни етерични масла, кои се наоѓаат во неговите лисја, па затоа нема често да најдете друга вегетација под него.
Според Петар Иваниш, инженер за пејзажна архитектура и хортикултура, важно е да не се садат ореви блиску до куќата.
„Покрај тоа што ја блокира светлината, оревот има исклучително силен корен кој често може да го подигне бетонот околу или под куќата. Експертите советуваат дека оревот не треба да се сади во близина на паркингот или куќата поради основата. Имено, неговиот корен оди до - пет метри длабочина“, тврди тој.
Освен тоа, нашите предци го сметале оревот за депресивно дрво кое носи лоша среќа, а се верувало дека најмногу самоубиства се случуваат под него.
Ако планирате да ја реконструирате вашата градина, прво треба да засадите дрвја и грмушки, а потоа цветни растенија, а се верува дека овие шест дрвја ја штитат куќата:
Даб
Липа
Врба
Глог
Дрен
јаболко