Ја убива секоја инфекција во телото: Лекар го откри најмоќниот природен антибиотик
Познатиот лекар Ричард Шулц открил рецепт кој го нарекол Супер-тоник, бидејќи помага за лекување на многу состојби...
Тинктурите се еден од најдобрите природни лекови, пред се затоа што го извлекуваат и зачувуваат најдоброто од растенијата. Од друга страна, тие се многу силни, па затоа треба внимателно да се користат.
Иако алкохолот обично се користи во тинктурите, знајте дека и јаболковиот оцет е совршен растворувач доколку сакате да направите тоник тинктура.
Не само што е 100% нетоксичен, туку има и многу здравствени придобивки:
- Помага за регулирање на киселоста на телото
- Помага на дигестивниот тракт - ако јаболковиот оцет е од органско потекло и нефилтриран, ќе содржи симбиоза на пријателски колонии на бактерии и габи, што е одличен пробиотик
- Оцетната киселина има силно антимикробно дејство и се покажа дека го намалува холестеролот и помага при чувствителноста на инсулин
- Го зајакнува имунолошкиот систем
Познатиот доктор Ричард Шулц откри рецепт кој го нарече Супер-тоник.
Тој нагласува дека треба да користите органски состојки или сами да ги одгледувате за да ги добиете сите позитивни ефекти.
Состојки:
– Свежа пиперка хабанеро (или најлутата што можете да ја најдете)
- главица лук
- главица црвен кромид
– корен од ѓумбир
- корен од рен и
– нерафиниран јаболков оцет
Подготовка:
Овој тоник се подготвува како и сите тинктури: ставете ги билките во сад, истурете јаболков оцет, онолку колку што е потребно за да се потопат сите билки.
Потоа излупете го и ситно исечкајте го зеленчукот, па сите состојки ставете ги во голема стаклена тегла и целосно прелијте ја со јаболков оцет, така што оцетот да плива три прста над нивото на растенијата и зеленчукот.
Цедење
За полесно складирање и лесна употреба, процедете ја тинктурата. Ќе ви треба лабава крпа - газа или марамчиња, голем сад и цедалка од нерѓосувачки челик што одговара на големината на садот.
Доколку немате таков „алат“, можете да ставите крпа преку отворот на теглата и да сипете додека не излезе целата течност, но ќе изгубите многу.
Тоникот можете да го истурите во мали теглички или пак да го вратите во голема, претходно измиена. Затемнето шише е најдобриот избор, бидејќи го намалува оштетувањето од светлината. Да се чува на темно, ладно место. Можете да ги замрзнете преостанатите билки и зеленчук или да ги додадете во супи и други јадења.
Дозирање
Откако тоникот е готов, можете да почнете да го користите секојдневно, или да го користите по потреба - за подобро варење, имунитет и лекување на разни болести.
Запомнете, пиете многу моќни билки и растенија, така што вкусот ќе биде исто така силен, па можете да додадете малку природен мед. Погрижете се да пиете многу вода во текот на денот.
Доволна е една чаша од 20-30 ml. Меѓутоа, ако се борите со тешки инфекции, можете да земате до 5 или 6 дози дневно.