Јас сум доктор за плодност и тврдам: Мажите вака го уништуваат квалитетот на спермата и ги намалуваат шансите да зачнат дете

Натали Крафорд е докторка специјализирана за прашања за плодноста, како за машки така и за женски, и е многу популарна на Инстаграм, каде секојдневно објавува корисни, едукативни совети за зачнувањето и бременоста, на приемчив и разбирлив начин.

Докторката Крафорд еднаш објави видео во кое изјави кои вообичаени навики треба да ги избегнуваат мажите доколку сакаат нивната партнерка да забремени. Како што тврди овој доктор, одредени навики можат да влијаат на квалитетот на сперматозоидите, па дури и многу да и наштетат на плодноста кај мажите!

Имено, мажите кои работат на дете треба да престанат да користат цигари, но и марихуана, бидејќи докажано е дека оваа лоша навика го намалува производството на сперма и негативно влијае на нејзиниот квалитет. Исто така, треба да се избегнува употреба на стероиди или слични препарати.


Д-р Крафорд, исто така, ги советува мажите да ја исфрлат преработената храна од нивната исхрана, бидејќи тие се полни со лоши хемикалии кои можат да ја намалат плодноста.

Таа додаде уште една навидум безопасна навика на листата, а тоа е чување на лаптоп во скутот. Оваа Американка предупредува дека топлината од лаптопот за време на неговото работење може да ја зголеми топлината на тестисите, што директно влијае на плодноста.


Фото и Видео: Инстаграм