Јас сум горд Македонец кој 15 години работи во Софија, Бугарија: Трајче Бабамов

Откога знаеме за себе, а особено последните 8 години напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите е се чини најразгорена. И од двете страни на двете држави има луѓе кои скоро секојдневно пишуваат и коментираат негативни и скокотливи коментари за другата држава. Дали тоа ни го наметнала историјата, или политиката, можеби и пишувањата во медиумите, на крајот после сите случувања едно е сигурно и точно. Има луѓе и нелуѓе. Од двете држави, ма од целиот свет. Вака го започнуваме денешното интервју, бидејќи имаме интересен лик со кој направивиме квалитетен муабет. Трајче Бабамов е 34 годишен маж, кој е дипломиран инжинер по биотехнологии, а веќе 15 години живее и работи во соседна Бугарија, односно во Софија.

Тој вели дека досега не се нашол во непријатана ситуација кога станува збор за неговиот идентитет и потекло, напротив таму имал многу пријатели и блиски луѓе, па и свои кумашини. А конкурентноста на пазарот на труд во Софија го инспирирала и мотивирала никогаш да не се откаже, туку напротив се‘ повеќе и повеќе да вложува во себе и своето образование и надоградба и денес работи во една од најпознатите компании во Бугарија БИЛЛА, како менаџер за безбедност и здравје при работа.

Во слободното време, го посетува семејството во Германија,кое како што истакна му носи радост и чувство на поврзаност. Сака да спортува, а тоа му помага и да ја одржувам добрата физичка форма. Љубител е и на вечерните излегувања и на купоните(забавите) кои се навистина посебни во Бугарија.

*Колку години работите и живеете во Софија, Бугарија?

-Во Софија живеам и работам веќе 15 години. Доаѓањето овде започна уште во моите студентски денови, кога првпат ја почувствував енергијата на градот и го засакав неговиот динамичен ритам. Иако еден период живеев и работев во Германија, сепак одлучив да се вратам во Софија, бидејќи животот овде ми понуди подобар баланс помеѓу професионалниот и личниот развој. Тоа беше вистинската одлука за мене, бидејќи градот има динамична атмосфера која инспирира и отвора многу можности.Софија е град кој постојано инспирира и нуди многу можности. 

*Како започнавте, односно која ви беше прва работа и позиција, па како се развиваше вашата професија?...

Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН