Живот // Живот
Јелена Карлеуша не ја пуштаат на Парадата на гордоста: Она што ми го прават мене, нема да дозволам да ви го прават вам
Утре во Србија ќе се одржи парадата на городоста. Српската дива Јелена Карлеуша секогаш беше поканета на овој настан и секогаш го даваше својот придонес за рамноправност.
Оваа година организаторите не ја поканија. Таа ни сама не знае зошто кога со години се бори за правата на ЛЏБТ заедницата.
Изреволтирана од ова, им се обрати на Инстаграм на своите фанови и рече дека секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка, без разлика што некои структури ја бојкотираат. Дека секогаш ќе биде за човекови права, слобода и рамноправност.