Живот // Живот
Јелена Карлеуша сама си додели титула личност на годината
Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша нема гајле кога е во прашање суета. Ја има во огромни колични. Но, често нештата ги врти и на шега.
По серијата фотографии на Инстаграм во кои најчесто се рекламира себе си и облеката што ја носи- секако задникот и градите во преден план, сега објави на Инстаграм стори фотографија на која е таа и во позадина пишува Личност на годината.
Дури и да имало некој да ја номинира, сепак можеби не би се нашла во потесниот круг.
За да ја заслужи веројатно ќе треба малку повеќе, бидејќи ниту има издадено нова песна, ниту албум, а немаше ни настапи поради корона кризата.