Кафето е 60 денари, а можете да ручате за само 350 денари: Во овој град во Црна Гора можете да одморите за малку пари


Таа не се пожали на услугата што ја добила, а посочува дека цените се многу пристапни.

Гордана неодамна се врати од одморот во Сутоморе, популарното одморалиште во Црна Гора, каде помина 10 дена уживајќи во свежите впечатоци и најразлични понуди.

Иако цените се достапни и за скромна сума пари може да се организира одмор, таа напоменува дека има некои работи кои треба да се земат предвид при планирањето на одмор на ова место.

„Сутоморе ми беше вистинско освежување. Одамна не сум била во Црна Гора, но впечатоците ми се измешани. Плажите се разновидни – има камења, камчиња и песок, па секој може да си го најде омиленото место за сончање. Морето е чисто и топло, вистинска оаза за уживање“, го споделува Гоца своето искуство.

Една од работите што и пречеше беше политиката за изнајмување на столчиња за плажа. „Лежалките се издаваат само во пар со чадор, што значи дека треба да платите помеѓу 10 и 15 евра, во зависност од локацијата. Ова е навистина непрактично, особено ако патувате сами или сакате само едно лице да ја користи лежалката.“ го изразува своето незадоволство.

Сутоморе, како што вели Гоца, е мало место кое може да се помине од едниот до другиот крај за половина час пешачење. „Цените во рестораните се многу пристојни. Со моите пријатели ручав во еден од рестораните на почетокот на шеталиштето покрај морето, каде што можете да јадете оброк од шест до 10 евра. Услугата е одлична, а Атмосферата е вистинска приморска таверна. Во хотелот кафе како капучино или нес чини само 1,5 евро“, додава таа.