Здравје // Совети
Кафулињата со работа до 18 часот, гостите на дистанца од 2 метри
Кафетериите и рестораните да го скратат работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполови капацитетот на гостите, за да имаат соодветно растојание, на оддалеченост од 1,5 до 2 метри, посочи министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфернција. Тој информираше за воведување на дополнителни мерки како превенција од ширењето на коронавирусот.
Кажа и дека се затвораат и сите места кај што се собираат граѓани, театри и обложувалници, вежбалници, кина, а се откажуваат и сите кино-проекции, театри и концерти.