Кај нас расте како самоник, а полековита е од белиот лук: Велат оваа билка е природен антибиотик

Сремуш, меѓу народот познат како мечкин, шумски или див лук, диво растение, со изразена хранлива вредност и интензивен мирис кој потсетува на белиот лук.

Како и добро познатиот бел лук и дивиот лук, сремушот се издвојува по своето антиоксидантно, антибактериско и антимикробно дејство. Сепак, интересно е да се забележи дека сремушот има уште поголемо позитивно влијание на хипертензијата, а многу ефикасно го намалува крвниот притисок. Исто така е многу ефикасна блика и за намалување на холестеролот и ЛДЛ“, објаснува диететичарот-нутриционист Тања Олајџија.


„Друга предност е полесниот вкус и полесна толеранција на дигестивниот тракт, па затоа се препорачува на сите кои не можат ни да замислат често да јадат лук, а сакаат да ги добијат придобивките од консумирањето на овој „природен антибиотик“, вели нутриционистот.

Сремушот се собира уште од античко време, а и денес љубителите на природата и екскурзионистите сакаат да го берат кога ќе го сретнат, но внимавајте - мора да го имате потребното претходно знаење за да не го мешате со идентични диви видови, од кои многу се отровни криновите на долината или момина солза.

Младите листови од сремушот се берат напролет - во текот на април и мај, а се препорачува да се консумираат свежи, бидејќи тогаш имаат најмногу лековити својства. Сремушките луковици се берат на крајот на летото или на есента, по цветањето.

„Најдобро е да се јаде свеж, како додаток во салата или манџа и на тој начин да се намали количината на сол што би ја додале, а чиј вкус на сремуш одлично се компензира“, потврдува Олајџија.

Кои се корисни својства на мечкиниот лук?

* влијае на подобра меморија и концентрација

*помага при респираторни проблеми

* спречува кардиоваскуларни болести

* се бори против несоница и вртоглавица

* корисен за остеопороза и артритис * штити од срцев удар и го зајакнува срцето

* ги врзува за себе токсините и мастите од крвта, цревата и желудникот и ги исфрла од телото

* го намалува крвниот притисок

* ја стимулира функцијата на бубрезите

* ги смирува дигестивните проблеми

* лекува дијареа, цревна мрзеливост и тврда столица

*помага при гихт и ревматизам