Како да откриете дали некој ви краде од WI-Fi бежичниот интернет

Кражбата на бежичниот интернет станува се поголема, но постои начин да откиете дали некој без дозвола го користи вашиот интернет..

Поради масивната потреба од интернет, многу од своите соседи „позајмуваат“ интернет така што ги дознаваат лозинките од рутерот. Сопствениците на рутерот обично тоа не можат да го приметат, така да буквално плаќаат и за себе и за другите интернет за џабе. Затоа решивме да ви објаснеме како можете да проверите кои уреди го користат вашиот интернет и како можете да добиете нотификација кога некој нов уред ќе се поврзе на вашиот интернет.

Се што треба да направите е да симнете една програма која се вика „Wireless Network Watcher". Откако ќе ја инсталирате програмата, отворете ја и треба да одите во „Options“ и да кликнете на „Beep on new device", како и на „Background Scan". Кога ќе ги завршите овие функции, кликнете на копчето „play“ и програмата ќе ви покаже сите уреди кои го користат вашиот интернет. Исто така, кога некој нов уред ќе се поврзе на вашиот интернет, вие ќе бидете известени со нотификација и гласен звук.