Како Кристијано Роналдо го заработува богатството? Фудбалот е само мал дел...

Кристијано Роналдо е на првата позиција на најплатени фудбалери во годината, заработувајќи 125 милиони долари во изминатите дванаесет месеци…

Но, неговата појава на оваа листа воопшто не беше изненадувачки за него - сепак, тој е првиот тимски спортист што успеал да заработи милијарда долари во текот на неговата кариера, пред оданочување. Се прашувавме како всушност ги прави своите големи пари? Од користењето на своите социјални мрежи до договори вредни неколку милиони долари, Роналдо сигурно знае како да ја зголеми својата популарност.

Импресивен трансфер во Манчестер Јунајтед

Роналдо е прогласен за најпопуларен спортист и има повеќе од 500 милиони следбеници на сите негови платформи за социјално вмрежување, вклучувајќи ги Фејсбук (149 милиони), Инстаграм (348 милиони) и Твитер (94,5 милиони).

Летово, дванаесет години откако замина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид, Роналдо одлучи да се „врати дома“. Форбс пренесува дека неговиот трансфер е вреден 70 милиони долари, и ги вклучува платата и бонусите.

Познатиот број 7 ги прави парите

Дури и десет години по заминувањето од Манчестер, се уште се зборува за него на трибините на стадионот „Олд Трафорд“. Неговите верни фанови веднаш ги купија новите дресови на фудбалската легенда само 12 часа по објавувањето дека се враќа во славниот тим и тоа му донесе огромен профит на својот тим, а и него.



Инфлуенсер број еден

Наводно, Роналдо наплаќа милион долари по платена објава на Инстаграм, поради што заработува најмногу на оваа платформа. Покрај тоа, бројни списанија тврдат дека тој заработува повеќе од 40 милиони долари годишно само преку Инстаграм.

Славниот спортист го користи своето моќно влијание на различни начини - ако се сеќавате, пред некое време тој помести две шишиња Кока Кола од масата за време на конференцијата, иако брендот го спонзорираше спортскиот настан и на нивното место стави шише вода, што ја чинеше Кока Кола многу. Истиот потфат го повторија и неговите колеги, но мора да признаеме дека тие не беа толку убедливи како него.



Кока-Кола загуби милијарди долари поради неговиот потег, додека на брендовите за вода им беше дадена можност. Според најавите, Евијан го промовираше коментарот на Роналдо, додека Светската здравствена организација се приклучи на целата приказна, истакнувајќи ја неговата позиција против шеќерот.

Договор со Најк

И иако се чини дека Роналдо заработува доволно само од социјалните мрежи, неговиот доживотен договор со Најк му носи значителна сума секој месец, што ќе продолжи дури и кога ќе се повлече од светот на професионалниот спорт.

Потпишан во 2016 година, овој договор се смета за историски. Според Форбс, Роналдо добил милијарда долари од тој договор, додека заработил 474 милиони за само една година.

Извор: Lux life