Како новиот Galaxy Watch и сензорот BioActive ги прошируваат персонализираните и превентивните велнес решенија за уште повеќе корисници

Samsung е лидер во дигиталните здравствени иновации, со цел да ја поедностави грижата за здравјето и благосостојбата преку обединување на увидите и метриките за да понуди поефективно и поедноставено велнес искуство. Овој пристап започнува со подобрување на пристапот до едноставно и прецизно следење на здравјето преку сензорот BioActive на Samsung, кој ви обезбедува пообемни, персонализирани и прецизни здравствени податоци.

Во продолжение на оваа мисија, Samsung повторно ги подигнува стандардите и го претставува најновото издание на својот сензор BioActive. Со следниот Galaxy Watch, покрај попрецизни здравствени мерења[1], новиот сензор ќе овозможи напредни предвидливи и превентивни велнес функции кои досега не се видени на носив уред.

Претставување на новиот сензор BioActive на Samsung

Целосно новиот BioActive сензор има клучна улога во подобрувањето на превентивните здравствени искуства со следниот Galaxy Watch, со подобрувања во дизајнот кои овозможуваат уште попрецизни здравствени информации. Инженерите на Samsung се фокусираа на три надградби на новиот сензор: подобрување на перформансите на фотодиодите кои примаат светлина, додавање на дополнителни бои на светлечките диоди (LED) и нивно оптимално распоредување низ сензорот.

Samsung повеќе од двојно ги зголеми перформансите на секоја фотодиода, успешно намалувајќи го нивниот број потребен за одржување на капацитетот од осум на четири. Овој редизајн ослободи простор за интеграција на поголем број и на поразновидни LED диоди и обезбеди нивно оптимално распоредување низ сензорот. Новиот сензор сега вклучува сини, жолти, виолетови и ултравиолетови LED диоди покрај зголемениот број на зелени, црвени и инфрацрвени LED диоди. Со интеграцијата и распоредувањето на овие LED диоди, фотодиоди и специјално дизајнираната фотодиода, Samsung ја подига иновацијата на уште повисоко ниво и сега може да ги следи неистражените аспекти на следење на здравјето на носивите уреди.

Поголема точност и нови можности за превентивна благосостојба

Оптималната распределба на зелените, црвените и инфрацрвените LED диоди поставува нови стандарди во технологијата на носивите уреди преку подобрување на прецизноста и овозможување исклучителни перформанси низ широк спектар на здравствени метрики. Ова му овозможува на новиот сензор BioActive попрецизно мерење на здравствените параметри како што се отчукувањата на срцето, квалитетот на сонот, крвниот притисок[2], нивото на кислород во крвта и нивото на стрес[3]. Дури и мерењето на отчукувањата на срцето за време на интензивни тренинзи е 30% попрцизно во споредба со неговиот претходник.

Поразновидните бои на LED диодите и новодизајнираните фотодиоди отвораат нови можности и ви овозможуваат подобро предвидување на трендовите и преземање на проактивни чекори за превентивна грижа. Првата од овие функции ќе биде индексот на напредни крајни производи на гликација (AGEs)[4] — индикатор на метаболичкото здравје и биолошкото стареење кој е силно под влијание на севкупниот животен стил и навиките во исхраната. Користен како прониклив биомаркер, овој индекс обезбедува слика за вашата биолошка возраст за да ви помогне да донесувате поинформирани одлуки за вашето патување кон подобра благосостојба и да работите на поздрава иднина. Додавањето на индексот AGEs е само една од многуте нови напредни функции планирани за следниот Galaxy Watch.

Следниот Galaxy Watch ќе донесе пософистицирани и поинтелигентни алатки за здравјето и благосостојбата за да ви помогне да ги достигнете вашите цели. Едвај чекаме да ви покажеме повеќе!

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/


[1]Споредено со Galaxy Watch6.

[2] Функцијата за мерење на крвниот притисок е достапна само на одредени пазари. За да се обезбеди точност, корисниците треба да го калибрираат својот уред на секои четири недели со традиционален апарат за мерење на крвниот притисок. Апликацијата за крвен притисок не може да дијагностицира хипертензија, други состојби, ниту да проверува знаци на инфаркт. Оваа апликација може да се користи само за мерење кај лица над 22 години. Не е наменета за замена на традиционалните методи на дијагноза или третман од страна на квалификуван здравствен професионалец..

[3]Достапноста на функциите може да варира според пазарот. Galaxy Watch е наменет само за општа благосостојба и фитнес цели. Не е наменет за откривање, дијагностицирање или третман на било каква медицинска состојба или болест.

[4] Мерењето на AGEs индексот е достапно само на Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra. Galaxy Watch користи светлински сензори кои функционираат во границите поставени од безбедносните регулативи. Меѓутоа, луѓето со фотосензитивна кожа може да имаат несакани реакции на светлина, како што се промена на бојата на кожата или осип. Избегнувајте ја употребата на оваа функција ако имате симптоми на фотосензитивност. Мерењето на AGEs индексот е само за цели на фитнес и благосостојба, а не за дијагностицирање и третман на било каква медицинска состојба. Ако сте загрижени за вашето здравје, консултирајте се со медицински професионалец за совет.

ПР објава