Како од мајка родена: Секси шпанска водителка гола во снегот вежба јога
Водителката Кристина Педроче го искористи силното снежно невреме
што ја погоди Шпанија за да направи специјална фотографија за нејзиниот профил
на Инстаграм.
Имено, водителката позираше целосно гола на снегот во познатата јога поза.
„Сите ние игнорираме и набудуваме колку е скапоцен снегот, но исто така е многу убаво и важно да се погледне внатре“, напиша таа.
Фотографијата, на која водителката гола вежба јога на снег доби скоро 350.000 лајкови.
„Спектакуларно“, „Каква фотографија“, „Зар не ти е ладно?“, „Го сакам ова“, „Прекрасна си, Кристина“, се само дел од коментарите под објавата.
Водителката објави уште неколку фотографии на кои позира на снегот, но на други фотографии носеше зимска облека.
Инаку, на Инстаграм ја следат скоро три милиони луѓе, пренесува Индекс.хр.
Фото: Инстаграм/christipedroche