Како страста и целта ги поттикнуваат мобилните иновации

Мобилните уреди секоја година стануваат сè помалку фокусирани на продолжување на нашите технолошки навики, а се повеќе и повеќе на суштината на тие навики, како клучни уреди на кои луѓето се потпираат за да направат повеќе.

Ние создаваме и користиме содржина што нè поврзува, инспирира или едноставно нè забавува. Остануваме нурнати во светот на играта дури и кога сме во движење. Одржуваме контакт со колегите и ги почитуваме роковите кога не сме на бирото. Управуваме со секој дел од животот на едно место - од здравје и фитнес до состаноци, шопинг, патувања...

Нашите денови се исполнети со овие искуства, и затоа луѓето избираат уреди на кои можат да се потпрат, од брендови на кои може да им веруваат. Ова нè доведува до самата суштина на нашата цел во Samsung Mobile Experience Group – да создадеме мобилна технологија која ги збогатува животите на луѓето и придонесува за подобар свет.

Поставување на нови стандарди за перформанси

Оваа цел нè мотивира да ги поместиме границите на она што е можно кога станува збор за перформансите и квалитетот на мобилното искуство, што е особено точно за Galaxy Ultra уредите. Од серијата S20 во 2020 година, го комбиниравме омиленото искуство на Note со Ultra и воведовме револуционерен паметен телефон со моќ, перформанси и креативни можности на две водечки иновации на Galaxy во еден уред.

Потоа, со лансирањето на Galaxy Tab S8 Ultra, додадовме Ultra на новиот уред и редефиниравме што значи гледање, поврзување, работа и играње.

  Samsung Electronics објави нова еколошка стратегија во 2022 година за да помогне во борбата против климатските промени. Mobile Experience Group ќе продолжи да прави напори за постигнување на овие цели преку конкретни климатски дејства низ целиот животен циклус на бизнис и производи

Врвно искуство без компромиси

На настанот Unpacked на 1-ви февруари, ќе претставиме два нови уреди кои поставуваат нов висок стандард на иновација. Одликувајќи се со моќни перформанси без компромиси, тие се изградени за да бидат поодржливи – и сите да имаат доверба во нив. Во време кога влогот е поголем од кога било, ние ја подигнуваме границата и дополнително ги усовршуваме перформансите.

Во Unpacked, ви ги претставуваме нашите најмоќни мобилни уреди кои ќе ги сакате со години, за да можете да бидете сигурни во вашиот избор.

Едвај чекам да ја споделам веста со вас.

Се гледаме на настанот Unpacked!

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја прес-салата на Samsung на http://news.samsung.com.


ПР објава