Каков часовник: Со ретки кристали од злато
Дали знаевте дека најретката форма на злато доаѓа во форма на кристали ...
Создадени во неверојатни форми и уникатни обрасци во екстремни услови, златните кристали едвај се појавуваат во природата. Но, неверојатниот тим на Hublot успеа да ги повтори тие услови во лабораторијата, претворајќи го златото во овие спектакуларни облици за да ги украси со најновиот часовник Classic Fusion.
Затоа, Hublot Classic Fusion Gold Cristal е едно од најуникатните и специјални часовници на пазарот, кој ги содржи овие ретки кристали. За да се постигне тоа, господарите на Hublot загреjаа злато во најчиста форма и го донесоа до точката на топење и создадоа еманација на злато, при што се креваат мали честички во кристална форма.
Овие кристали, се искористеникако украс на бројчаникот на часовникот и дефинитивно се вистинска привлечност. Исто така, овој убавец доаѓа со црна керамичка футрола. Во куќиштето дијаметарот е од 38мм или 45мм, има калибар HUB1112, автоматски механички механизам со резерва на моќност од 42 часа. Конечно, Hublot Classic Fusion Gold Cristal доаѓа со црна кожа, лента со алигатор, која оди добро со црно и злато и носи луксузен и елегантен допир на овој часовник.
Цената на овој модел сè уште не е позната, но веруваме дека нема да биде мала.