Каков мотоцикл, еден единствен: Спој на минато, сегашност и иднина
Ви го претставуваме футуристичкиот електричен мотор, создаден како дел од работилницата во Атланта, Фулер Мото…
Уникатниот модел е инспириран од класичниот француски 1929 Majestic, а беше нарачан од музејот Хас Мото и галеријата на скулптури, сместени во Далас. Музејот е дом на над 200 уникатни мотори, најстариот датира од 1899 година. Педесетте мотори кои се наоѓаат тука се единствените што постојат, додека оваа новина е последна што се придружува на колекцијата.
Идејата која стои зад овој мотор беше да се создаде футуристичка интерпретација на моделот Majestic во 1929 година сто години подоцна, задржувајќи го својот дизајн во форма на торпедо, што дефинитивно го стави пред своето време- Создадено од Брајан Фулер и неговиот тим на работилницата „Фулер Мото“, револуционерниот модел 2029 има затворено , скулпторско тело, централна контрола и елегантни линии.
Сепак, футуристичкиот концепт е конструиран со современа технологија, со цел да се задржат деликатностите што би било тешко да се направат со рака. 2029 доби лесни 3Д печатени титаниумски делови, транспарентни поликарбонатни тркала и склопки за електричен погон.
„Знаевме дека правиме нешто невидено“, рече Боби Хас, колекционер и сопственик на музејот Хаас. „Немаше официјален нацрт. Не работевме на циклусот на производство. Направивме парче што претставува функционална уметност “, додаде тој.
Како основа, моторот го користи електричниот модел Zero Motorcycle FXS, така што погонот има опсег од 160 километри.
Шасијата, предниот стабилизатор, управувачот и другите детали беа создадени како производ на 3Д печатење со употреба на титаниум. Пред официјално да дојде на своето место во музејот Хаас, Фулер Мото 2029 ќе го има своето официјално деби за време на саемот за моторцикли во Ханбуилд.