Каква емотивна средба на Докиќ и Ноле: Интервју кое ќе ве насмее до солзи ! (ВИДЕО)
Двајцата се потсетија на периодот кога Ѓоковиќ за прв пат дојде на Австралија опен
По триумфот на Новак Ѓоковиќ над Григор Димитров, интересен разговор имаа српскиот тенисер и Јелена Докиќ, која беше домаќин на овогодинешниот Австралија Опен.
Поранешната четврта играчка на светот го интервјуираше Ноле на оригинален начин, а првото нешто што му кажа е нешто што се случило пред 17 години.
Новак прв започна:
- Мило ми е што те гледам Јелена, те немам видено со години - започна Ноле.
Следуваше прашањето на Јелена, се сеќаваш ли на првиот пат кога те видов на Австралија опен?
- 2007... Не, 2006 година“
„Да, 2006 година“.
Разговорот продолжи, а Докиќ откри нешто поврзано со Ѓоковиќ.
- Дојде овде во 2008 година и рече „Здраво, јас сум Новак Ѓоковиќ, се сеќавате ли на мене? Ти реков - „Да, се сеќавам на тебе, но не се сеќавав, бидејќи се запознавме две години пред тоа. Сега дефинитивно знам кој си - се насмевна Јелена
А Ноле со убави зборови зборуваше за Јелена Докиќ.
- За да возвратам на комплиментите, се огледував на тебе. Играше за Австралија, но доаѓаше од нашиот регион, зборувавме на ист јазик, тогаш беше голема ѕвезда, со задоволство играв со тебе. Прекрасно е што се гледаме повторно – ѝ одговори Новак.
Друг смешен момент беше кога Јелена го праша како се снаоѓа со помладите, а Новак на тоа ѝ одговори „како тоа мислиш со помладите, 35 се новите 25“.
"Let's see if you remember..."
— Wide World of Sports (@wwos) January 21, 2023
#AusOpen LIVE | https://t.co/80XjQpwd6J#9WWOS #Tennis pic.twitter.com/2ddyq7vGQ1
Извор: 24sedam.rs