Карло Анчелоти го враќа Роналдо во Реал Мадрид???

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти би сакал да го има Кристијано Роналдо повторно во тимот на Реал Мадрид. Тој побарал од Флорентино Перез да се обиде да го врати Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпански и италијански медиуми.

Роналдо имаше импресивни настапи додека Анчелоти беше тренер на Реал Мадрид, а италијанскиот стратег би сакал да го види Португалецот одново на „Бернабеу“. Сепак тоа ќе оди малку тешко затоа што Реал се сврте на помлади фудбалери и сака да го гради тимот околу нив.

Фокусот е фрлен на Килијан Мбапе кој е незадоволен во ПСЖ по доаѓањето на Лео Меси. Французинот смета дека ќе падне во втор план и ќе му опадне популарноста по доаѓањето на Аргентинецот, па смета дека подобро ќе напредува во некој друг клуб како Реал Мадрид. Наводно „Кралевите“ можат да платат 150 милиони евра за младиот напаѓач.