Касиерите во Италија очајни: "Купувачите со влажен прст ги допираат парите, некои доаѓаат во продавница како да одат на излет„
Купувачите туркаат колички, намирници ги допираат, дури и ги навлажнуваат прстите и ги бројат парите. Секој може да биде заразен со коронавирус и да го пренесе.
Ваквите размислувања прогонуваат многу жени-продавачки во супермаркетите во Италија, најтешко погодената земја во Европа од коронавирусот.
Вработените во продавниците се чувствуваат исцрпени, слабо заштитени и изложени на вирусот.
„Се плашиме да донесеме нешто дома“, рече Пиера (31), касиерка која работи со скратено работно време во супермаркет во Новара, изјави за АФП.
Една 33-годишна чуварка на супермаркети почина минатата недела во град западно од Милано.
Во Бреша, Ломбардија, главното жариште на вирусот во земјата, почина и 48-годишена касиерка, со што се доведе во прашање ефикасноста на преземените мерки за заштита на вработените.
Синдикатите веруваат дека повеќе работници во продавниците умреле од вирусот, дури и не го знаеле тоа.
Продавачите на „прва линија“
Работат со пари, пополнуваат полици со произиводи опкружени со купувачи, па продавачите се на првата линија да се заразат.
Секако, добиваат гел за дезинфекција, нараквици и маска, кои мора да ги измијат за повторно да ги користат. Минатата недела, раководството инсталираше Плексиглас панели пред секој каса.
Трговците често пати се жалат дека клиентите продолжуваат да купуваат секој ден, зголемувајќи го ризикот од пренесување на вирусот. „Тие купуваат работи што не би ги купиле во криза“, се прашува Кјара, касиерка во центарот на Рим. "Суши, Нутела, пиво, купуваат секави нешта, скоро непотребни во вакво време ..."
Само сакаме да бидеме почитувани
Најмногу шокантно е неодговорното однесување на некои луѓе кон инфекцијата, бидејќи повеќе од 115.000 луѓе се заразени во Италија, а повеќе од 13.000 починале.
Некои доаѓаат со семејството, други се приближуваат до жени-продавачки, а некои своите пари ги бројат со влажен прст.
Во Шпанија, втора земја која е сериозно погодена од пандемијата по Италија, касиерите се добро запознаени со ризикот од инфекција.
„А купувачите, како кој ..“, рече Ана Белен, која веќе 26 години работи како касиерка во Алкоркон, 13 километри од Мадрид.
„Некои луѓе доаѓаат во продавницата како да им е тоа излет“
"Нема споредба помеѓу касиерите и здравствените работници, но ајде да речеме дека не сме целосно свесни дека треба да бидат заштитени и едните и другите. Некои купувачи секој ден доаѓаат во супермаркетот како да им е тоа излет ...", рече Белен, комесарот на синдикатот за превенција во мадридскиот регион, најтешко погоден во земјата.
Белен (46) воведува нови мерки против инфекција во тој супермаркет во Алкаркон.
"Сега 90% од касиерите носат нараквици, маски. Постојат неколку линии исцртани на подот... Се препорачува да се плаќа со картички".
Италијанските синдикати побараа од владата да го скрати работното време за да се намали изложеноста на трговците, но премиерот Конте на 21 март вети дека продавниците ќе останат отворени.
Двата најтешко погодени региони, Ломбардија и Пиемонт препорачуваат температурата на телото на купувачите да се провери на влезот во продавниците, но само неколку слушаа.
Како и многумина, продавачката Кјара живее во постојан страв да допре нешто или некој заразен.
„Почнувате да размислувате, Oх Боже мој, го допрев лицето ', станувате малку параноични“, рече таа.
Вели дека мора да биде храбра да оди на работа секој ден. „Некои луѓе велат дека сме херои. Јас не мислам така. Ние само ја правиме нашата работа. Не сакам да бидам хероина. Само сакам да бидам почитувана“.