КИНЕСКИТЕ АПЛИКАЦИИ WECHAT И ALIEXPRESS ЗАБРАНЕТИ ВО ХОЛАНДИЈА: Се плашат од шпионажа

Холандија им забрани на државните службеници да ги користат кинеските апликации WeChat и AliExpress на нивните деловни телефони поради страв од шпионажа.

Холандската црна листа вклучува и други апликации, вклучувајќи ја руската социјална мрежа VKontakte и кинеската апликација KetKap, која се користи за уредување видеа на TikTok, објави денеска холандската медиумска мрежа NOS, повикувајќи се на свои извори.

Забраната за користење на TikTok беше објавена претходно, а беа забранети и уште пет неименувани апликации.

Забранетите апликации се направени во Кина, Русија, Иран и Северна Кореја, земји осомничени за шпионажа од холандската разузнавачка служба AIVD.

ФОТО: Unsplash/CardMapr

Извор: fakor.mk