Кинеските паметни наочари за момент детектираат коронавирус кај 200 луѓе одеднаш
Уред кој може на здравствените работници да им помогне за краток период да ги воочат оние кои покажуваат симптоми на коронавирус.
Скенерите за температура не се некоја новос и досега биле користени на прометни места, како што аеродромите, за да може да се детектира дали патниците кои се качуваат во авионите имаат зголемена температура. Кинеската компанија Рокид сега оваа технологија ја вгради во наочари кои се обидува да ги продаде на американскиот пазар.
На моделот наочари со ознака Т1 е вграден скенер кој е во состојба да детектира температура кај 200 луѓе одеднаш, на оддалеченост до три метри. Тоа значи дека овој уред на медицинските работници може да им помогне за многу кратко време да ги воочат оние кои покажуваат симптоми на заразата коронавирус.
Секако, тоа што некој има зголемена температура, не значи дека автоматски е заразен со Ковид - 19. Температурата е само еден од симптомите, кој е најлесно воочлив и кој може да помогне за потенцијалните заразени во што е можно пократок рок да се изолираат, како и тоа кај луѓето кои се видно болни да може што е можно побрзо да ги преземат сите неоходни мерки.