Кире Лазаров: Претставен како национален херој
Европско првенство во ракомет за мажи организирано од Европската ракометна федерација ќе се одржи во периодот од 09 до 26 јануари 2020 година. За прв пат во три земји- Австрија, Норвешка и Шведска.
Ние со нетрпение ги очекуваме натпреварите, посебно затоа што и Македонија игра и уште сега ракометните стручни лица ни предвидуваат висок пласман.
Нашата ракометна репрезентација е во групата Б, заедно со Република Чешка, Австрија и Украина. Првиот натпревар го игра во Виена на 10 јануари, а противник е репрезентацијата на Украина. Не се сомневаме во изборот на Селекторот Данило Брестовац и навиваме до победа!
Пред самиот почеток на првенството, најинтересно е тоа што капитенот Кирил Лазаров е именуван како национален херој. EHF EURO направи претставување за него во кое опиша дека повеќе од 20 години е дел од македонската репрезентација, дека го има рекордот на Европските и Светските првенства и тоа на Европското првенство во 2012 година со 61 гол и на Светското првенство во 2009 година со 92 постигнати голови. Дека е првиот играч кој стигнал до 1000 голови во EHF лигата на шампиони...
Еве како на фотографии изгледа неговото претставување:Н.Т.