Забава // Музика и филм
Ќе ви доловат секси трепет: Сара Мејс и Марија од Eye Cue
Сара Мејс и групата Eye Cue ви ги претставуваат песната и видеото „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента. Песната е на Сара и е настаната пред неколку години, кога на Макфест е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на Skopje Unplugged 2020.
Музиката и текстот на песната се на Сара, со заеднички аранжман на Eye Cue и Сара, а е снимана во „Подрумот“. Видео спотот го направи Кристијан Шемко, а е сниман на локации од убавините од село Бојанчиште.
Двете изгледаат секси и провокативно во спотот, кој изобилува со уметнички моменти и звуците на харфата.