Спорт // Спорт
Кјелини го одигра последниот меч за Италија, упати загрижувачка порака
Џорџо Кјелини го одигра последниот меч за Италија вчера против Аргентина, 37-годишниот дефанзивец запиша 117 настапи за националниот тим.
Се простува од репрезентацијата со пораз, оди во МЛС лигата и ќе игра за Лос Анџелес, а на оваа нова генерација репрезентативци и посака успех, имаше и порака за кризата во која се наоѓа Италија.
„Ова ќе биде тежок период за сите, им посакувам среќа, но мора да се има трпение, да се застане зад оваа репрезентација и да ѝ се даде време, не очекуваат нови предизвици, и потребна е поддршка“ – изјави Кјелини.