Клима уредите Samsung Wind-Free™ – решение за секоја доба од годината со минимални трошоци
Со помош на напредната технологија, заштедете на домашниот буџет со систем на климатизација кој е енергетски поефикасен од конвенционалните начини на греење и ладење
Климите одамна не се уреди кои што се користат исклучително за разладување во топлите летни денови, туку поседуваат и дополнителни функции за прочистување на воздухот, отстранување на влага, но и греење. Иако се поефикасни од вообичаените грејни тела, затоа што топлината не ја произведуваат, туку ја користат надворешната, постои загриженост дека, поради непрекинатото работење, може да дојде до поголема потрошувачка на електрична енергија и емисија на штетни гасови.
Имајќи го тоа на ум, вработените во компанијата Samsung Electronics континуирано се трудат да направат енергетско ефикасни уреди кои што не штетат на околината, а еден од нив е и Wind-Free™ климата заснована на Digital Inverter Boost технологијата.
Во текот на работата, надворешната единица на конвенционалните клима уреди користи компресор со фиксна брзина на вртежи, кој што често се вклучува и исклучува. Таквиот циклус на работа црпи доста енергија, а создава и отстапувања во температурата. За да им помогне на корисниците да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, Samsung креираше компресор заснован на Digital Inverter Boost технологијата, кој што самостојно го прилагодува бројот на вртежи во минута и ја одржува употребата на енергија на најефикасно ниво.
Во споредба со конвенционалните грејни тела, климите со инвертер технологија се енергетски ефикасни, благодарејќи на компресорот кој што може да ја намали или забрза брзината на потрошувачка на електрична енергија до 77 проценти. Покрај тоа, флуктуациите на температурата се помали, а и поради намалената акумулација на топлина, не може да дојде до прегревање на просторот, како што е случај со радијаторите или печките. Еден од советите за најоптимална употреба на клима уреди со инвертер компресор е да не се исклучува и да се постави температурата помеѓу 24 и 25°C.
Непречено уживање со пријатен ветар
Често се случува, кога ќе се постигне саканата температура во просторијата, континуираниот доток на ладен воздух од внатрешната единица на климата да биде непријатен. При директно и често изложување може да дојде до сушење на органите за дишење и негативно влијание врз здравјето на корисникот, а особено тоа е случај кај децата и личностите подложни на респираторни проблеми.
Затоа Samsung Wind-Free™ клима уредите имаат дури 23 илјади вградени микро дупчиња, кои што рамномерно го шират ладниот воздух низ просторијата, овозможувајќи им на корисниците чувство на пријатно струење на воздухот без директно изложување на ладно, како и 15 проценти поголем вентилатор за побрзо ладење и заштедување на енергија.
Еден од советите за најоптимална употреба на клима уредите со инвертер компресор е да не се исклучуваат и температурата да се постави помеѓу 24 и 25°C. Исто така, треба да се води сметка и разликата на внатрешната температура во однос на надворешната не смее да биде преголема, особено во летниот период кога клима уредот работи во функција на ладење.
Автоматско менување на режимот на работа
За да бидат сметките за електрична енергија пониски, Samsung Wind-Free™ клима уредите применуваат иновативна технологија на сензорот за движење која детектира кога корисниците не се во просторијата, па согласно тоа се намалува или зголемува јачината на работата.
Користејќи ја вештачката интелигенција, ги памети претходните поставки, како што се време на работа, надворешна, зададена и температурата во просторијата, ја елиминира потребата за дополнителни поставки штедејќи време и енергија. Климата е можно да се користи на далечина со SmartThings апликацијата за паметни телефони, која што на корисниците им овозможува во потполност да го автоматизираат системот на климатизација во домот.
Комерцијален текст