Кој е на врвот од македонските компании?
Најмасовното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија веќе е во полн ек. Ова е јубилејна десетта сезона.
Се работи за настан во кој вработени и бизнисмени во македонските големи компании играат во тимови меѓу себе, а оваа
година се напреваруваат рекордни 27 компании учеснички.
Тринаесет кола се во прашање, а натпреварите се играат во салата Борис Трајовски. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на годината кога и официјано ќе се затвори натпреварот. Се натпреваруваат: ЈСП, Аптив, Џојсон Сејфти Системс, Ван Хоол, Матрикс, А1, Сава Осигурување, Окта, Лукоил, Аџибадем Систина, Гранит, ЕВН, ЕЛЕМ, МЕПСО, Пекабеско, Рамстор, Фабрика Карпош – ГИМ, Макпетрол, Уни Банка, Уника, Телеком, ФК на глуви Слобода, Еуро Табак, Џонсон Мети, Водовод Скопје, ТАВ, Тиквеш.
А, што се случува на теренот?
Се борат до последен здив. Можеби на работа ги гледаат во друго издание, овде пот тече преку целиот натпревар. Некои дури имаат високо професионални фудбалски перформанси. Не се даваат премногу голови, сепак екипите се спремни за напад и одбрана. Темпото на игра варира од екипа до екипа, но не се предаваат.
На овој терен, засега Аџибадем Систина е подобра од Пекабеско исто како Рамстор што е подобар од ЕЛЕМ... Повеќе екипи имаат ист број на поени на врвот.
Интересно е кој ќе победи. Дали најуспешната екипа значи и најуспешна наша компанија ќе видиме, но во секој случај ваквите настани се за поздрав.
Небојша ТолескиФотографии: Бизнис лига на Македонија- официјален профил на „Фејсбук“