КОЈА Е КОЈА? Неверојатно многу личи на Ријана, СКОРО идентична
Која е која?!
Доколку не знаеме, би помислиле дека Ријана има сестра близначка...
Ријана е „вау“ уште од моментот кога пред многу години се појави на музичката сцена со хитот „Pon de Replay“ па се' досега. Ги менуваше стиловите, изгледот, но секогаш изгледаше и изгледа одлично, а многу девојки во тој момент сакаа и сакаат да изгледаат како неа. Но, изгледа дека само на оваа ТикТокерка и се посреќи - изгледа идентично како пејачката.
Доколку помисливте дека Ријана е на левата страна, се лажете. Тоа е 28 - годишната Присила Беатрис, девојка од Бразил која го освои ТикТокот, но и целиот интернет со својот изглед. Идентична е на Ријана! На ТикТок веќе долго време постои тренд во кој „обичните“ луѓе кои личат на некоја позната личност го откриваат својот изглед, а видеото кое стана вирално е следното:
Луѓето останаа шокирани колку си личат, а некои дури се шегуваа дека Присила изгледа повеќе како Ријана, отколку самата Ријана.