Која е мистериозната жена од која Новак и Јелена Ѓоковиќ не се одделуваат: Зошто најмногу ѝ веруваат?!

фото:IZVOR: SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

Имајќи предвид дека тие во моментот се во фокусот на медиумскиот интерес, она што привлече најголемо внимание во јавноста е фактот дека двојката Ѓоковиќ во последно време не се оддвојува од менаџерката Елена Капеларо, жената на која најмногу ѝ веруваат.

Дури и за време на „Вимблдон“ беше забележано дека Новак и Јелена Ѓоковиќ постојано се во друштво на мистериозна жена, поради што медиумите шпекулираа која е таа всушност.

Иако светските медиуми, скоро секогаш, кога станува збор за најдобриот тенисер во светот, сакаат сензации, овој пат тие беа лишени од сензационалистички одговор.

Новак Ѓоковиќ е познат по тоа што не престанува да работи на себе, но и на усовршувањето на својот тим, така што неговата кариера долго време ќе оди во нагорна линија, а тој реши да помине повеќе време со својот агент, со цел да поработат на неговиот имиџ.

Елена Капеларо е менаџер за односи со јавност на Новак Ѓоковиќ, а таа се сретна со Новак, заедно со нејзиниот сопруг Едуардо Арталди, кога Ѓоковиќ потпиша договор со Серхио Такини, италијанска компанија за спортска опрема каде што работеше Арталди, пред десет години.

„Практично живеевме заедно. Елена и јас се обидовме да создадеме атмосфера што му е потребна, знаејќи колку време поминува патувајќи низ светот и дека е оддвоен од семејството“, рече еднаш Арталди.

Елена секојдневно се консултира со двојката Ѓоковиќ за следните потези, и со што може дополнително да го подобри и онака беспрекорниот имиџ на Новак.

За да бидат сигурни Новак и Јелена Ѓоковиќ за добариот избор, во последно време тие се неразделни од агентката, која се чини дека има големо влијание врз најдобриот тенисер на сите времиња.

извор:wanted.mondo.rs