КOKO - детското штедно осигурување на Кроациа осигурување нуди сигурна иднина за вашето дете
Главна грижа на родителите е да се сигурни дека децата имаат светла иднина, а овозможувањето удобен и сигурен живот е главната цел. Родителите секогаш се трудат да им го дадат најдоброто на своите деца. Но, што ако најдоброто може да чини малку повеќе? Инвестициите и финансиското планирање на родителите треба да бидат такви што би овозможиле покритие за најдоброто за нивните деца. Од тоа произлегува дека инвестирањето за децата е најважната инвестиција што би ја направиле во текот на животот. Како и каде правилно да инвестирате, а притоа да имате максимални сигурни придобивки за вашата инвестиција?
Животното осигурување и детско штедење е форма на животно осигурување кое родителите или пак, бабите, дедовците и другите блиски роднини можат да го договорат за своите деца и внуци за да им помогнат да ги направат првите чекори во животот на возрасните. Ваквиот тип финансиски производ е план однапред изграден за да се постигне целта за финансирање на долгорочни финансиски обврски како што се високо образование, купување стан, автомобил, живот во странство, брак и слично. Конкретно, КOKO детското штедно осигурување е производ на Кроациа осигурување - живот и претставува полиса која обезбедува осигурување и воедно штедење за вашето дете, план за заштеда во корист на детето, којшто обезбедува штедење, дополнително осигурување и можност за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи и несакани животни ситуации.
КОКО детското штедно осигурување, каде детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца со старост од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25 годишна возраст. Разбирливо, одвојувањето парични средства не секогаш е лесно и не секој има еднакви финансиски можности, па затоа кај КОКО детското штедно осигурување постои можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа. Дополнителни придобивки, покрај сигурната исплата на осигурената сума и договарање месечно исплаќање на средства по доспевање на полисата, се можноста за зголемување на осигурената сума за 3% за постигнат одличен успех во средно образование, двојна осигурена сума во случај на несреќен случај на двата родители истовремено, можност Кроациа да продолжи со плаќање на премијата согласно условите за осигурување во случај на несакани последици за Договорувачот како и можност за дополнително осигурување на детето. Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување на конкретна понуда согласно барањата и можностите може да се најде на следниот линк.
Сигурноста и стабилноста на полисата ја обезбедува компанијата Кроациа осигурување, која има огромно искуство во областа на животно и неживотно осигурување и претставува одличен избор за долгорочен партнер при осигурување на она што е најважно и најдрагоцено во животот.