Ако го видите ова суштество на плажа НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ: „Синиот змеј“ забележан на популарен остров

По повеќе од 300 години, на шпанскиот остров Мајорка е забележан редок морски организам – Glaucus atlanticus, познат како „плавиот змеј“. 

Ова впечатливо морско суштество со сино-сребрени нијанси и израстоци слични на крилја е забележано од шпанската научничка Гадор Мунтанер кај планинскиот венец Сера де Трамунтана.

Foto: Sahara Frost/Shutterstock

Иако е убаво на изглед, „плавиот змеј“ е отровен. Се храни со медузи и задржува нивни токсини, кои можат да предизвикаат болни осипи и алергиски реакции при допир. 

Затоа, стручњаците ги предупредуваат туристите – не го допирајте!

Иако ова суштество ретко се среќава, во последниве години е забележано и на други шпански плажи. Западни ветрови понекогаш го носат од Атлантикот до обалите.

Во случај да го забележите на плажа, останете на растојание и информирајте спасувачи. Убаво е, но безбедено е само ако се набљудува од далеку.

Извор: Мондо / Фото: Shutterstock