Честа навика што ја имаме веднаш по станување од спиење сериозно го нарушува нашето здравје

Според зборовите на експертите за спиење, постои еден едноставен трик што можете да го пробате наутро, а кој ќе ви помогне полесно да заспиете навечер – дури и кога е најголема жештина. - Не го местете веднаш креветот по станување од спиење.

Можеби звучи чудно, но според д-р Сити Шах, специјалистка за спиење, ова всушност има смисла. Таа вели:

„Често ги потсетувам луѓето дека она што го правиме веднаш по будењето може да има подеднакво важен ефект врз здравиот сон како и навиките што ги имаме пред спиење.“

Freepik

Зошто летно време не треба веднаш да го местиме креветот по станување?

Во текот на ноќта, телото испушта топлина, пот и микроскопски честички кожа во постелнината. Кога е лето, високите температури и влажноста го засилуваат тој ефект.

Ако веднаш наутро ги затегнете ќебињата и прекривките, практично ја задржувате таа влага и топлина во душекот и чаршафите.

Д-р Шах објаснува дека на тој начин создавате микроклима под покривката – топла и влажна средина која е идеална за развој на микроорганизми и алергени, особено габи.

Ако го оставите креветот ненаместен, со тргната покривка и отворен прозорец за вентилација, ѝ овозможувате на површината на креветот да се исуши и олади. Тоа го нарушува влажното окружување што го обожаваат грините. Д-р Шах додава:

„Многумина не сфаќаат дека убаво наместен кревет, иако визуелно уреден, може да биде штетен за респираторното здравје – особено ако се мести прерано.“

Веднаш штом ќе станете, повлечете ја покривката или горниот чаршаф кон подножјето на креветот и отворете ги прозорците за проветрување. Потоа, почекајте најмалку 30 до 60 минути пред да го наместите креветот.

„Тој период овозможува постелнината да се исуши и олади, што создава хигиенско и пријатно окружување за спиење“, вели д-р Шах.

Совети за мирен сон во лето:

  • Затемнете ги просториите
  • Овозможете проток на воздух
  • Дишете низ нос
  • Туширајте се со млака вода
  • Дополнително, користете постелнина од природни и лесни материјали како памук или лен, и перете ја барем еднаш неделно за да ја одржите свежа и чиста.

Извор: Телеграф