Здравје // Совети
КОЛКУ СЕ ОПАСНИ И КАКО СЕ ШИРАТ: Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Србија
Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Србија. Откриени се кај маж што се вратил од Германија.
Случајот е дијагностички препознат и тераписки згрижен. Спроведени се мерки за евиденција, тестирање, пријавување и контрола на понатамошно ширење на инфекцијата во согласност со стручно-методолошко упатство.
Случаи на таа инфекција се потврдени во повеќе европски земји, како и во САД, Канада и Австралија.
Овој вид на сипаница е најчеста во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, а според Британската национална здравствена служба, тоа е ретка вирусна инфекција која обично е блага и од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели.
Вирусот не се шири лесно меѓу луѓето.
Фото: Nigeria Centre for Disease Control/WHO