Комисијата за натпревари на ФФМ го организираше семинарот за делегати за пролетниот дел од сезоната во Прва и Втора МФЛ

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија  во хотел Хилтон, во Скопје одржа семинар со делегатите на натпревари во пресрет на почетокотот на вториот дел од сезоната 2022/2023 во Првата и Втора МФЛ.

Во склоп на  семинарот, Комисијата за натпревари спроведе тестирање во кое се оценуваше фудбалското знаење и надлежностите на делегатите во натпреварите од Првата и Втора МФЛ.