Компанијата „Екотип“ донираше и засади зимзелени садници во кампусот на техничките факултети во Скопје
Дворот на кампусот на четирите технички факултети во Скопје, Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ), ФЕИТ, Машинскиот факултет и ФИНКИ доби нова, зелена оаза благодарение на донацијата од 30 зимзелени дрва на компанијата „Екотип“. Сопственикт на „Екотип“, ИлијаАндреевски и в.д. деканот на ТМФ, Јадранка Блажевска Гилев, денеска (18 декември) ги засадија првите зимзелените садници во дворот на факултетот со што свечено го одбележаа оплеменувањето на дворната површина во кампусоткое ќе придонесе за почист воздух во неговата околина и создавање пријатно катче за релаксација на студентите.
Компанијата „Екотип“, чија основна дејност е филтрација на воздух и вода, како и процесен инженеринг, донираше 30 зимзелени садници од видот смарагдна туја. Станува збор за минијатурни зимзелени дрва кои се користат низ Европа за уредување на дворови, создавајќи прекрасни зелени композиции и уредена жива ограда. Малите димензии на растението туја, но и неговата способност да се прилагоди на различни надворешни услови, го прави многу погодно за хортикултурно уредување на факултетскиот кампус, разубавување на околината и прочистување на воздухот.
Од „Екотип“ истакнуваат дека основите на компанијата се темелат на одрживиот развој и вербата во здрава иднина и затоа со задоволство ја поддржаа идејата на техничките факултети за хортикултурно уредување на кампусот. Оттаму велат дека решенијата во делот на технолошкиот развој со кои „Екотип“ посветено се занимава веќе две децении и кои се стремат кон достигнување високо еколошки стандарди се комплексни. Притоа, наједноставни за реализација и достапни до сите се активностите за формирање нови зелени површини и одржување на постојните.
- Вистински предизвик е да се покренат младите луѓе да го оплеменат своето и живеењето на другите. Затоа сме уште позадоволни што токму во дворот на овие факултети засадивме нов живот. Обврска на општествената заедница е да влијае на сегашните и идните генерации да го препознаат значењето на единствениот самообновлив ресурс. Освен компаниите, потребно е да се вклучат и поединците и со личен пример да придонесат за одржлив развој. Живееме во време на сериозна пандемија која нѐ потсети за важноста на заедништвото, така што немаме друг избор освен секој ден да биде Ден на планетата земја – рече Андреевски.
Покрај донацијата на садниците, „Екотип“ неодамна потпиша меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет кој ќе овозможи организирање на студентски пракси, презентација на новите технолошки решенија на компанијата во полето на филтрацијата на воздух, вода и сл. Компанијата и ТМФ договорија заемно искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови што ќе придонесе за унапредување на едукативните,истражувачките и апликативните активности преку кои ќе се реализира соработката.
- Многу ни е мило што компанијата „Екотип“ ја подржа нашата иницијатива за оплеменување на дворната површина во техничкиот кампус на четирите факултети донирајќи многу садници, со што придонесе во зазеленувањето на делот од дворот помеѓу факултетите. Благодарни сме и им се радуваме на ваквите "зелени" иницијативи, особено што во последниот период темата за почист воздух е многу актуелна и затоа помошта од опшествено одговорни компании како „Екотип“ е многу значајна – истакна Блажевска Гилев.
ПР објава