Конечно модниот свет ќе „пие“ од Долче и Габана: Нивното вино „Rosa“
Ако можеме да повикаме некој претставник на италијански вкус и стил, тоа мора да бидат модните дизајнери Долче и Габана и ексклузивниот производител на вино - Донафугата…
Врзани за нивното заедничко потекло и љубовта кон совршенството, двата познати брендови решија да се здружат за да создадат заедно ново шише со розево вино. Ексклузивното вино има свежи сицилијански ноти и е идеална опција за сите луѓе кои уживаат во италијанските пијалоци.
Со име Роса, новото вино е создадено од гроздоберот во 2019 година, и се карактеризира со оригинална мешавина од двете најпопуларни вина од овој регион: Нерело Маскалезе и Ноцера. Има суптилна мека розова боја и се карактеризира со ноти на јасмин со деликатни навестувања на дива јагода, праска и бергамот.
Цветниот пијалок ги комбинира минералните ноти и деликатес на Нерело Маскалезе заедно со зачудувачките овошни компоненти што ги добива од виното Ноцера. Понатаму е спакувано во вистински италијански стил, кој ја отелотворува атмосферата, традицијата и културата на островот на многу шик начин.
Како сведок на позитивноста и повторното раѓање, Роса од Долче и Габана и Донафгугата ќе можете да го купите на почетокот на идниот месец.