Конте презадоволен: Интер се пласираше во полуфиналето

„Многу сме задоволни, тоа беше добар настап. Го подготвивме натпреварот на вистинскиот начин, не сакавме во ниту еден момент да му дозволиме на Леверкузен лесно да ја игра својата игра“, истакнува Конте.

Инаку, Интер со 2:1 го совлада Баер Леверкузен и се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа.

Завршниот турнир од Лигата на Европа се игра во Германија, но ниту тоа не му пречеше на Интер да го совлада Баер Леверкузен. Антонио Конте беше мошне задоволен од она што го виде од своите играчи на натпреварот.

Конте вели дека сега почнуваат подготовките за продолжението од натпреварувањето.

„Покажавме дека сме гладни, имаме шанса да играме во полуфиналето од Лигата на Европа и можеме да бидеме задоволни. Од утре мораме да ги почнеме подготовките за полуфиналето“.